До овој момент во Централниот регистар поднесени се вкупно 79.903 пресметки, а минатата година бројката во истиот период изнесуваше 77.496 пресметки.
Во согласност барањата пристигнати до Централниот регистар, меѓу кое и од Комората на сметководителите, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишната сметка, информираат дека во согласност со новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот Ковид-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар ќе го продолжи рокот за поднесување на годишната сметка до 24.3.2020 година.
До овој момент во Централниот регистар поднесени се вкупно 79.903 пресметки, а минатата година бројката во истиот период изнесуваше 77.496 пресметки.
Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.3.2019 година, изнесуваше 88.000.
„Иако 95 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централниот регистар како сервисно ориентирана институција секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници во рамките на законските можности“, се вели во соопштението.